Над 700 ученици од 27 училишта од целата држава денеска ќе бидат дел од манифестацијата „Заедно градиме мостови“, поддржана од Мисијата на ОБСЕ. Учениците кои ги добија грантовите од Фондот „Градиме мостови“ во Градскиот парк во Скопје ќе пејат, танцуваат, спортуваат и ќе имаат драмски изведби.

Фондот „Градиме мостови“ е заедничка иницијатива на Министерството за образование и наука, Швајцарската амбасада и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Фондот нуди грантови на училиштата, учениците и професорите за заеднички активности меѓу различните заедници.