Во организација на Планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија денеска се одржува меморијален планинарски марш во чест и сеќавање на долгогодишниот член Димитар Кангов-Кангата кој во 2004 година ненадејно почина при искачување на врвот Џена на планината Кожуф, кој се наоѓа на грчка територија. Наместо по трасата по која се искачуваше Кангов, меморијалот ќе се изведе со искачување на највисокиот врв на Кожуф Планина, Зелен брег на македонска територија, кој е висок 2.166 метри и се наоѓа на само неколку стотина метри оддалеченост од местото на кое загина Кангов.

Патеката по која ќе се изведе маршот е со висинска разлика од 520 метри, долга е седум километри, според планинарите во двата правца се минува за шест часа пешачење со потребните паузи и спаѓа во категоријата лесни патеки. Меморијалниот марш што почна во 8 часот од месноста Аџибарица, годинава е ставен и во календарот на акции на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.