Во Клиничкиот центар на Белград нoќеска почина Милена Дравиќ, една од најголемите гллумици на просторите на екс Југославија и најголемата српска актерска дива. После неколку дена откако била хоспитализирана и покрај напорите на лекарите, Милена замина во вечноста, и се придружи на нејзиниот сопруг великанот на актертсвото Драган Николиќ, кој почина пред две и пол години.

После големиот шок од Драгановата смрт Милена, се чинеше како малку да се опорави па ова лето беше присутна на промоцијата на  Монографијата за неа, во Пула, Херцег Нови и Палиќ.

Милена Дравиќ е родена на 5 октомври 1940 година во Белград. Како филмска, театарска и телевизиска глумица имаше епитет-најголема дива на просторите на екс Југославија.

Одигра многу театарски претстави, филмски улоги и телевизиски лика.

Таа е единствен добитник од овие простори на награда на Кански фестивал за улогата во филмот „Посебен третман“ од Горан Паскаљевиќ по сценарио на Душко Ковачевиќ.

Дравиќ е добитник на низа други награди, како на „Златна ружа„ на Фестивалот во Венеција, повеќе Сребрени и Златни Арени на Пулскиот фестивал, наградите „Добричин прстен“, „Павле Вујисиќ“ и многу други . А меѓу наградите на медиумите, добитник на признанието на „Вечерњи новости“- „Глумица на векот “, која ја доби заедно со Мира Ступица.

Четири и пол децении беше во брак со актерот Драган Николиќ, од чие заминување се чини дека не се опорави.

Сега заедно „Образ до образ“ некаде во височините- Почивајте во мир!