На настанот „Skopje Classic Day“, nесекојдневни олдтајмери и моторцикли од кои дел за првпат ќе бидат видени во Македонија денеска ќе бидат изложени на плацот кај авиончето во скопската населба Аеродром. Се очекува да бидат изложeни 50-тина луксузни олдтајмери и 20-тина моторцикли, а меѓу нив ќе има и 10-тина автомобили донесени од соседните држави. Возилата ќе бидат постари од 35 години што е услов за да се класифицираат како олдтајмери.

Замислено е да има динамична и статична презентација на возилата со кратка приказна за возилото, а планирано е да се додели и награда за најдобра целосна презентација. Организаторите Игор Стефановски и Благоја Петровски, кои неодамна во Скопје го организираа по третпат „Distinguished Gentleman’s Ride“.