Тимот на порталите Факултети.мк и Деца.мк кој го подготви проектот „Светот на Биби“ соопшти дека  азбуката на сезнајката Биби од синоќа е достапна за детската публика преку нејзиниот јутјуб-канал Биби/Bibi: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=VyyyNQn0-jw.

Во азбуката на Биби секоја буква е своја приказна и преку примерите на Биби децата ќе го откријат нејзиниот свет. Повеќе од 6.000 прегледи на азбуката на Биби за 16 часа, позитивни коментари од публиката, дечиња кои веќе ги повторуваат зборчињата на Биби. Биби ќе стане најдобро другарче на децата. Со неа ќе можат да учат многу работи, но и многу да се забавуваат затоа што најлесно се учи низ игра.

Oд работите што таа ги сака и ги прави ќе бидат создадени и следните содржини на палавата Биби. На  21 октомври, во терминот од 19 часот на нејзиниот јутјуб-канал Биби/Bibi ќе биде објавена првата сказна на Биби – „Биби и животните“, а наскоро ќе биде промовирана и сликовницата на Биби. Во тимот „Светот на Биби“ се и илустраторот Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, писателката Билјана Црвенковска, режисерот Гоце Цветановски и актерката Слаѓана Вујошевиќ