Црвениот крст на РМ и оваа година  по повод 16 октомври – Денот на гладта, организира кампања под мотото: „Помислете и на нас“  која ќе се спроведе од 16 до 22 октомври 2018 година преку Црвениот крст на град Скопје и  општинските организации на Црвениот крст во Македонија. Целта на акцијата е да се подигне свеста  за донирање на храна и да се поттикне солидарноста меѓу граѓаните и општествено одговорните компании.

Оваа година како дел од акцијата Нахрани 10 000, а во соработка со организациите Ајде Македонија и Сите Сити  на 16 октомври ќе се поставаат штандови на повеќе места од  градот, а штандот на кој волонтерите на Црвен крст на град Скопје ќе ги превземаат донациите ќе биде поставен пред City Mall кај Плеј кафе во период од 10 : 00 – 19:00часот. Донирајте и помогнете!