За Тоше Проевски

Пишува Татјана Гогоска

Новиот албум со наслов „Secret place” од мега ѕвездата Тоше Проески е веќе завршен и  промоцијата ќе се случи на 2 ноември, напладне во Александар Палас. Тој содржи  нови, досега необјавени песни од Тоше Проески а музичкиот материјал се работел во студиото на познатиот англиски продуцент Енди Рајт. Вечерта во салата Борис Трајковски на истоимениот концерт и промоција, одбележувајќи 11 тажни години од прераната смрт на македонската најсјајна музичка ѕвезда Тоше Проески, ќе пеат испраќајќи му пораки со љубов неговите обожаватели и вљубеници во неговата музика.

Видео спотот за насловната нумера “Secret place”, беше сниман минатиот месец во Крушево и околината, на местата од детството на Тоше а снимањето е завршено овој викенд. Комплетниот матерјал е во постпродукција а од продукцијата задолжена за снимањето, велат дека нема да откриваат ништо, нека биде изненадување со многу емоции посветени на Тоше, музиката, недокажаните нешта, неизживеавите години…

Инаку, Тодор Тоше Проески, е роден во Крушево на 25 јануари 1981 а загина во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска на 16 октомври 2007-ма година.

Неговте обожаватели а ги има во огромен број не само во Македонија, туку низ Балканските простори, велат дека низ песните вечно ќе  биде со нив, а секој негов испеан стих, секогаш одново кажува нешто друго.

Луѓето на кои Тоше несебично им помогнал си приспомнуваат на неговите хумани дела, а за мене е, најсјајната ѕвезда на Македонското музичко небо која постоела изминатиов век. Го знаев од неговата 10-та година, кога како дете пееше на Детски фестивал, потоа го среќавав по разни поводи и работевме заедно на два проекти. Третиот не го довршивме требаше да дојде на Детската Евровизија во Ротердам таа 2007-ма година, но замина во вечноста.

Искрен, чесен, емотивен, секогаш насмеан, обичен како човек, премногу талентиран, со ангелски глас во музиката, а во секоја професионална обврска максимално одговорен, таков беше Тоше.

Почивај во мир на твоето ангелско „ Secret place “ и пеј во височините!

Од последниот концерт на Стадион 5.10.2017 „Цреша „

„Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи…?