На полигонот на АСУЦ „Боро Петрушевски“ на 21 овој месец четврта година по ред ќе се одржи изложба на возила и моторцикли. Годинава, настанот има хуманитарен карактер и собраните средства ќе бидат наменети за ученикот Дарко Георгиевски-Ванила кој имал тешка сообраќајна незгода и мора да се оперира во Германија. Настанот го организираат професорите од средното училиште.

Организаторите очекуваат над 250 автомобили кои ќе бидат поделени во повеќе категории – олдтајмер возила, тјунирани возила, стајлинг на возила, јангтајмер возила, озвучување на возила и луксузни возила.