По повод 75-годишнината од востанието во фашистичкиот логор „Собибор“ вечер во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе биде одржана презентација на изложба која раскажува за случувањата во логорот.Настанот е организиран од Амбасадата на Руската Федерација во соработка со Фондот на холокаутот на Евреите од Македонија.

Востанието во логорот на смрта „Собибор“, каде што беа убиени над 250 илјади Евреи од цела Европа, советски воени заробеници и антифашисти, се случи на 14 октомври 1943 година. Тоа бил единствен случај за време на Втората светска војна кога затвореници од еден концлогор успеале сами масовно да се ослободат. Востанието беше предводено од страна на офицерот на Црвената армија, Александар Печерски.