Пред некое време во рака ми дојдоа две книги од млада авторка и двете збирки поезија. Едната насловена како „Солза“ а другата со наслов „Сентиментални отпечатоци на времето „.

Помислив дека Марија Јанчевска, авторот на двете книги е возрасна поетеса откако ги прочитав само  првите  два стиха на корицитеод книгите .

„Сентиментални отпечатоци на времето “

„Нека се помнат погледите

на моето трогателно молчење

нека не дознае никогаш

за тајната тишина на среќата

(таинствен код на среќата )

 

и Вториот од книгата „Солза“

„Врз труповите на животот

расцутел молкот на тишината „

Несомнено дека треба да поседуваш емотивна и духовна зрелост, за да се втурнеш во поетската творечка имагинација на ваков начин. Тогаш дознав дека Марија Јанчевска е ученичка во основно образование со свои 13 години, и  е најобично полно со креативност девојче.

Во предговорите за двете книги Марјан Костовски, ја опишува поезијата на Марија како „Поезија која го растоварува зборот од непотребните конотации, прецизно ги опредлеува вистинските значења на секој израз што сака соодветно да ја објасни духовната субјективност на авторката. Оваа поезија целосно ја отсликува секое чувтсво,го опишува дури секој важен детал на сентименталната сегашност, а не заборава да ја истакне секоја впечатлива насока на размислување……..

Поставувајќи за крај, дел од избраната нејзина песна, најавувам интервју со младата поетеса а во него ќе откриеме од каде оваа силна креативна имагинација во ова сепак сеуште дете.

ПОСЛЕДНА МОЛИТВА

Зборовите можат да се претопат

во неважни списии,

убедливи говори на стравот

можат д аго умртвтат бескрајот

та дури и љубовта може да исчезне

во непознат правец…………..