Во Музејот на Македонија утревечер ќе се отвoри изложбата „Духовите на Африка: ритуална западноафриканска уметност“. Оваа изложба се реализира како соработка со Музејот на африканската уметност од Белград.

На изложбата првпат во Македонија ќе претстават африкански експонати, што претходно можеа да се видат само во светските музеи или во документарните фимови. Музејот од Белград во својата обемна колекција има предмети од повеќе народи од Африка. За оваа изложба тие селектираа скулптури, маски и ткаенини што се поврзани со култовите на плодноста и предците, како и со обредите за иницијација и погребувањата.

На денешната прес конференција во Музејот на Македонија се истакнува можноста  македонските граѓани да се запознаат со африканските култури, и да ги видат мноштвото скулптури и маски што ќе бидат изложени како светско културно наследство.