Денеска Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Република Полска, во паркот Шопен одбележа 169 години од смртта на големиот полски музички великан Фредерик Шопен. На свеченоста, пред бистата на најголемиот композитор за пијано на сите времиња, Фредерик Шопен беше положено цвеќе. Публиката имаше можност да ужива во концертот на Даница Стојанова – пијано, професорка во ДМБУЦ „Илија Николовски“ – Луј,  Марјан Ивановски -виолончело и Билјана Јосифов – сопран. Од сцената во паркот се слушнаа познатите дела на Шопен, Полска песна, Валцер пијано, Мазурки за пијано и Соната за чело. Општина Кисела Вода и Амбасадата на Република Полска заеднички по 8 -ми пат го чествуваа ликот и делото на големиот светски музичар Фредерик Шопен.