Oсновното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, лоцирано во општината Кисела Вода во Скопје, доби нова енергетски ефикасна фасада. Неопходните финансиски средства за новата фасада на училиштето, во висина од 5 милиони денари, ги обезбеди Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Поставувањето нова фасада на училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ е дел од долгорочниот проект „Партнерство со училиштата“ на Цементраница Усје кој започна во 2010 година и со кој досега беа опфатени осум основни училишта, едно училиште за деца со посебни потреби и две градинки на територијата на општината Кисела Вода. Целта на проектот е подобрување на безбедноста, здравјето и еколошките услови во ваквиот тип објекти. Особено важен аспект при реализацијата на ваков вид проекти, како што е поставувањето на оваа нова фасада, е да се обезбедат повеќекратни придобивки за заедницата. Новата фасада, покрај тоа што го подобрува естетскиот изглед на целото училиште, овозможува и подобра термичка изолација што трајно влијае на подбрување на работните услови и конфорот на учениците и персоналот во училиштето, а ќе придонесе и за заштада на енергија и намалување на режиските трошоци. Инаку, ова е прво целосно обновување на фасадата на зградата на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ по израдбата и пушањето во употреба на училиштето во 1972 година.