На иницијатива на раководството на клубот на пензионери-хуманисти „Анри Динан“ при Црвен крст Неготино, денеска поголема група пензионери реализираше акција за чистење на делови од градот. На акцијата се чистеа јавни површини, повеќе улици и тротоари, со цел, како што истакнаа од иницијативниот одбор, „како што сакаме дома почисти дворови, така сакаме да имаме и почисти јавни површини”, со посебен акцент на чистотата во централното градско подрачје, пред маркетите и производствените погони. Целта е да се поттике вклучување во вакви и слични акции на сите категории граѓани кои живеат во Неготино, пред се помладите генерации, училиштата, културните институции и други.