Промоција на илустрираната книга „Девојчето на ридот“, издание со кое  вашите деца ќе можат да се забавуваат со боење и читање! Купете ја првата детска книга за возрасни и поканете ги пријателите кои треба да ја чујат оваа приказна, да ја купат книгата за која потоа ќе зборуваат со други и ќе им ја прочитаат на своите дечиња.

Ова е најдобар начин со време да ги подготвиме сите деца за свет со различности, за тие да пораснат и да станат освестени возрасни кои ќе креираат можности за лицата со Даунов синдром, не од жал, туку затоа што веруваат во нивните вештини, креативност и способности.

Настанот ќе се одвива на 27 октомври (сабота) од 13 часот во просториите на НУБ „Св Климент Охридски „во Скопје. Автор на ова интересно издание е Ида Мантон,која на едноставен начин Ве внесува во светот на различностите.