Нашиот народ сака да се држи до одредени правила, па затоа постојано се држат до прашањaтa “Заврши со факултет”? “Кога ќе се омажиш”? “Кога дете”? “Кога второ дете”? Многу варијанти на истите прашања можеме да слушнеме како на пример: “Кога ќе дојде братче или сестриче”? , “Добро, колкаво ви е детето, што чекате со второ”?  Или “Оооооо, дали јас тоа гледам дека се наѕира некое стомаче”? А ти, само што си изела цела пица, кутија кекси и една вреќа смоки.

Повеќе не е така необично (како пред 20 години), високообразованите луѓе да одлучат да вложуваат се што имаат во семејството. Врвот, а потоа и падот на капитализмот не научи дека сепак повеќе вреди она старото, дека семејството е најважна и најдрагоцена работа на светот. Во суштина, не сме имале вистинско чувство колку во суштина ги сакаме децата, се додека не ги добиеме. И зошто не би имале повеќе?
Но, луѓето со еден минималец не можат да размислуваат на 3-то дете или пак ајфон. Дали сте се запрашале, ако парите не би биле проблем, колку деца би имале? Едно или четири? Или ниедно?

Најчесто пред да се одлучите за дете, имате непостојано размислување. Еднаш сакате да имате минимум три деца а по три месеци сакате да имате 6 мачки, а ниедно дете. И така се во круг. Но некако, треба да се стои на ставот дека вие сте тие кои треба да одлучите дали сакате да имате деца или пак не и секако, ваше право е да се предомислувате.

Често трудниците со првата бременост си поставуваат прашања:
-Што ако не сум јас за ова? Што ако се предомислам?. Ќе биде ли претешко? А, ако не ми се допаѓа? Што ќе се случи ако не си го сакам своето дете? Или најтешко – што ако не биде слатко и убаво? Но, најчесто се поминува како што треба, идеално.

Го сакате своето дете највеќе на свет и многу често се одлучувувате на второ дете. Штета е таквата љубов да се почувствува само еднаш, зар не?

Извор:https://www.babyshop.mk