Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски. Книгата е добитник на престижната награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга објавена на македонски јазик во 2018 година.

За наградената книга ќе зборува проф. д-р Лидија Капушевска – Дракулевска а стихови ќе интрепретира актерот Томе Витанов. Промоцијата ќе се одржи на 22 октомври (понеделник) 2018 година во спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 12 часот.

Зоран Анчевские поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо-американска литаратура. Досега ги има објавено стихозбирките: Патувања низ скршени слики, Стратегија на поразот, Линија на отпорот, Превод на мртвите, Див мир, Историја на ветрот. Добитник е на наградите „Студентски збор“ и на престижното меѓународно признание за поезија „Ѓакомо Леопарди“. За својата перведувачка дејност ја има добиено наградата „Григор Прличев“.