Искиристете го последниот сончев викенд, според временските прогнози и направете домашен ајвар, кој секако е повкусен од било кој што ќе го купите во маркетите. Не е непознато дека ајварот тешко се прави и потребно е многу време, но едно е јасно ммммммм, многу е вкусен.

културно.мк, Ви препорачува доза ајвар погодна за правење и во стан и доколку никој од домашните не е расположен да ви помогне, можете да го направите сами

 

 

Потребно Ви е:

21 кг. црвени убави пиперки ( изберете ги сами)

7 модри патлиџани- срена големина

1 л.з ејтин

2 лажици сол

Испечете ги,ако сте во стан користете ја и рерната,во петок навечер. Во сабота излупете ги, оставете ги да се исцедат и попладнето откако ќе ги сомелете испржете го ајварот.

Така  ќе имате време за  одмор во неделата и да имате во вашата зимница вкусен домашен ајвар.

Убав викенд !