Во рамките на организацијата на I Кампања за Цистична Фиброза во Македонија, би сакале да Ве поканиме на отварањето на овој едукативен интернационален семинар, со што би ја помогнале нашата секојдневна борба да ги смениме нештата кон подобра иднина.Семинарот за Физиотерапија и цистична фиброза ќе се одржи денеска во 12.00 часот, во просториите на Клиниката Жан Митрев, Скопје.

Македонското Здружение за цистична фиброза, во соработка со Диши слободно (Breath Free – Белгиската асоцијација за борба против ЦФ), како и во партнерство со Македонското физиотерапевтско здружение ги сплотија напорите да им помогнат на сите пациенти со ЦФ и нивните семејства во нивната секојдневна борба. Првата кампања за цистична фиброза беше на Меѓународниот ден на физиотерапијата – 8 септември. Кампањата е организирана под покровителство на Н.Е. г. Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија и ќе трае до мај 2019, со активности кои ќе се организираат секој месец. Главна цел на кампањата е да се подигне свеста за цистичната фиброза. Оваа ретка болест е сложена и бара соодветен одговор од страна на носителите на одлуки, докторите, социјалните работници, наставниците, родителите, пријателите … одговор базиран на знаење, професионалност, емпатија, заеднички вредности за најдобар интерес на децата и возрасните со ЦФ.

„Убедени сме дека само со здружени сили може да се направи разлика. Нашата мисија е да понудиме одговори за недостатоците во третманот на ЦФ, споделувајќи ги знаењата во корист на сите, сè со цел да им се помогне на пациентите со ЦФ“ – велат од Здружението за Цистична Фиброза.

Информации за програмата на настанот може да најдете на следниот линк https://mfz.mk/nastani/physiotherapy-cystic-fibrosis/?l=L1&ri=0