Есента не се шегува и го покажува своето вистинско лице. Ги обори температурите и не натера, преку ноќ да извадиме потопла облека од ормарите. Го намали бројот на деца во училниците и градинките, ја зголеми потрошувачката на марамчиња, антипиретикот, пастилите и чаевите. Носињата се растекоа, грлото зацрвене, започнува кашлање, а расте и температура.
Дали е настинка, дали е вирус, дали да се трчи веднаш на лекар, дали се да се почека да помине или пак да се земе антибиотик?

Иако чекалните се полни, педијатрите тврдат дека наглото разболување не е причина за нашите проблеми. Тоа може да предизвика само краткотрајно течење на нос, поради преминот од топла во ладна средина и обратно, но не и настина за која се заслужни риновируси. Тие брзо и лесно се шират во непосреден контакт помеѓу деца, преку разменување на играчки и школски прибор, допирање на предмети за заедничка употреба, кваки.
За инфективни вирусни инфекции карактеристични е прво воденаста, а потоа слузива кивавица, црвено грло, кашлање, замор, главоболка и благо зголемена температура (од 37 до 38 степени). Болестите најчесто траат околу недела дена, доколку не се искомплицира со бактериска инфекција.
Вируните инфекции не се лечат со лекови, послебно не со антибиотици, туку со мирување, топло чаеци и зголемено внесување на свежо овошје и зеленчук, посебно оној кој изобилува со витамин Ц, а температурата не треба да прејде 38,5 степени. Децата, доколку се жалат од главоболка, можете да им дадете лек против главоболка, а против запушеност на нос борете се со топли чаеви и капки за нос кои не би смееле да се корстат подолго од пет дена поради возможно оштетување на слузницата. Капките ќе ја намалат количината на секретот, ќе го разредат и ќе го олеснат дишењето на детето.

фото: доктори.мк

Освен тоа, важно е облекувањето да се прилагоди на временските прилики и температурата. Доколку утрата се ладни а денот пријатен, најдобро е детето да биде облечено слоевито, а тоа важи и за вас.
Многу е важно да спроведее мера за превенција во која спаѓаат:
– Редовно миење на раце
– Внес на доволна количина на свежо овошје и зеленчук, посебно она кое изобилува со витами Ц
– Зголемено количество на внес на течности (вода, чај, топла лимонада, бистра пилешка супа)
– Физичка активност и одмор на свеж воздух
– Редовно поветрување на просторија
– Добар и квалитетен сон

Извор http://babyshop.mk