Здружението на пензионери – Карпош одбележа 40 години од своето постоење. Ова здружение во изминативе децении работи на подобрување на статусот на пензионерите и повозрасните граѓани на Карпош, нивна социјализација и меѓусебна комуникација, организирање на настани и други активности.За следната година општината планира заеднички проекти со пензионерите, како што е проектот за хумани патроли кој ќе овозможи помош и поддршка на пензионерите на кој им е најпотребно, здравствени прегледи или завршување на некоја секојдневна работа. Исто така, се предвидува и отворање на повеќе пензионерски клубови.

Претставниците од Здружението на пензионери се осврнаа на повеќе актуелни прашања и потреби кои ги имаат, но се заблагодарија и за поддршката што ја добиваат од страна на локалната самоуправа. Во текот на вчерашниот ден, Одделението за спорт и култура при Општината ги организираше и деветитте по ред „Спортски лиги“ за повозрасните карпошани. Овој настан го поттикнува дружењето меѓу овие лица и овозможува да бидат активни.Заедничка е заложбата за уште поголем број на активности меѓу Општина Карпош и пензионерските друштва, како и конкретни проекти кои ќе го подобрат животот на повозрасните карпошани.