Просторот на нашиот Портал културно.мк, е отворен за соработка со сите креативни, амбициозни и културни млади луѓе. Овој пат Ви го претставуваме тандемот Томи Тасев и Полина и нивната песна со спот “Брокен “.

Томи Тасев е DJ и продуцент од Струмица, кој веќе четри години активно се занимава со диџејство и продукција. Настапите низ Македонија му се инспирација и за почеток на неговото авторство со песната “Broken”, која според неговите кажувања е  прва песна и видео запис во соработка со Полина.

-Од секогаш сум сакал да достигнам да направам светски звук и да изградам свој стил по кој ќе ме препознаваат. Сакам да соработувам со светскиот пазар и да се доближам до тоа ниво. Првичната идеја што ја развив за оваа песна тргна од текстот кој го напишав на англиски јазик потоа дојдовме до целосната “Broken”- за културно.мк ни кажа Томи. Тој додаде дека  Полина е оперска пејачка, која ја  сака поп, рок, џез и алтернативната музика. Таа едноставно ја сака музиката и и се восхитува а нејзина пасија отсекогаш е препејувањето на познати хитови по нејзин терк и во нејзин стил.

– Операта е мојата љубов и активно работам на тоа, имам настапи, концерти и моментално сум на магистерски студии по оперско пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје. По братучедска линија и двајцата по потекло од музички семејства соработката дојде спонтано. Томи ја сподели идејата со мене и одлучивме дека ќе направиме нешто што најдобро можеме во моментот. Затоа слушнете ја “Broken” и ви благодариме на поддршката- дополни Полина за културно.мк.