“Градот радост ти ќе бидеш…… и овој ноември по 48-ми пат ќе прозвучи од грлата на децата кои се дел од годинешново издание, на најстариот музички фестивал за деца “Златно славејче”.

Досега овој фестивал бил дел од животот на илјадници деца, кои израснаа со него. На фестивалот чие прво издание беше сега веќе далечната 1971 година, како соработка на Советот за грижи и воспитувања на децата на Град Скопје и догашната Телевизија Скопје под раководтсво на маестро Алекдсандар Џамбазов, направи револуционерен потфат во сферата на музиката за деца. И што е најважно сеуште опстојува.

Фестивалот растеше, се менуваше …..но останаа запаметени од еден се чини најплоден период хитовите кои и денешните деца со радост ги пеат: “Дувна ветре резвигорче” , “Ах, тој крокодил”, “Рингишпил”, “Никола,Никола” , “Ах тој Тоше,ах тој Тоше”, “Сакам кола убава”.. и многу други. На овој Фестивал пееле и многу музички ѕвезди како Маја Гроздановска-Панчева, Тоше Проески, Маргарита Христова, ….кои секогаш со радост се сеќаваат на периодот поминат на “Златно славејче”.

Децата од Фестивалот, го обиколија светот. Детските грла запееја пред многубројна публика, во Америка, низ Европа, Русија и Азија.

И оваа година 20- тина нови композиции со кореографијата на Виолета Бајрами во продукција на врвни музички имиња и некои “нови клинци”   во Македонската Филхармонија во период од 16-19 – ти ноември со претстави од 11,13 и 17 часот.