Федерик Шопен

Во НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица“ вечерва ќе биде промовирана книгата „Фредерик Шопен поетот на музиката“ од пијанистката, професор и публицист м-р Даница Стојанова.

Книгата претставува видување на самата пијанистка преку спомени, мемоари и дневници од неговите современици и најблиски за животот и делото на големиот полски композитор Фредерик Шопен.