Во четврток 25 октомври, во Волонтерескиот центар Скопје, ќе се одржи еднодневна Работилница на тема „Основи на новинарското пишување“, под менторство на М-р Татјана Гогоска, дипломиран новинар, магистер по комуникации и автор.

Работилницата е организирана за сите оние  кои се на почетокот на новинарската кариера, студенти, средношколци и оние кои веќе активно пишуваат на некој медиум.

Идејата произлезе од заедничката соработка меѓу ВКЦ-Скопје и Порталот културно.мк водени од потребатана младите пишувачи и во Порталот Voices, кој се издава о рамки на Центарот и пред се содржи теми од своите активности, видувања на разни настани како и текстови од гостите странци волонтери.

Културно.мк пак, отвори Рубрика – Младите пишуваат и тука ги смести сите интересни сфери на младите, мултимедија, околу светот, тинејџески години , култура-некултура и им отвори простор секогаш кога имаат нешто да кажат тоа да го направат на културно.мк-Портал за сите што сакаат нешто различно.

Работилницата ќе ја посетат 12-тина млади , кои ќе се запознаат со основите на новинарското пишување, правилата на новинарскиот исказ како и новинарските форми.

Работилницата почнува во 15 часот во просториите на ВКЦ -Скопје со следнава Агенда

РАБОТЛНИЦА –ОСНОВИ НА НОВИНАРСКО ПИШУВАЊЕ

ВОЛОНТЕРСКИ ЦЕНТАР –СКОПЈЕ/ КУЛТУРНО.МК

ПРЕДАВАЧ-М-р Татјана Гогоска , дипломиран новинар ,магистар по комуникациски науки и автор

Ден 25 октомври ,   Време 15-18 часот

А Г Е Н Д А

 

15 часот

-Запознавање на групата

– Воведен дел – штое  новинарското пишување

-Разработка на основните елементи во новинарското пишување

 

16 и 15 -16 и 30- Кафе пауза

 

16 и 30 часот

Основни правила за пишување на новинарски текст, елементи и форми

-Вежби на дадени теми

 

17,45-18.00

Писмена евалуација на обуката