Канадскиот рапер Џон Џејмс Мекмари (34) загина додека снимаше музички спот рапувајќи на крилото на авион кој изведуваше акробации. Во извештајот стои дека Мекмери смртно страдал за време на работата со тимот, кој снимаше акробации на леталото и спуштање со падобран во саботата, пренесе денеска АП.

Неговиот менаџер Рајан Дароше вели дека раперт “интензивно вежбал“ за акробацијата, но дека несреќата се случила кога малата „цесна“ направила спирала во моментот кога тој излекол на крилото на авионот. Од раперовиот тим велат дека тој тогаш паднал и се фатил за крилото, за кое држел предолго, а падобранот се обидел да го активира кога било предоцна. Паднал на земја и загинал на лице место, а авионот и пилотот подоцна бебедно слетале.

 

Преценетите можности за жал некогаш скапо се плаќаат и во сферата на естрадата.