Кинескиот претседател Си Џинпинг деновиве  официјално го отвори најдолгиот мост во светот, колосален проект што ги поврзува Хонгконг, Макао и континентална Кина.

Мостот е долг 55 килеометри, а трошоците за негова изградба беа околу 20 милијарди долари. Дел од таа сообраќајница оди низ тунел под морето.Така и бродовите можат непречено да минуваат низ делтата на Бисерната река која е срце на кинескиот производствен сектор.

Со отворањето на тој мост, што има големо економско и политичко значење, времето на патување преку делтата на Бисерната река од неколку часа се сведува на само 30 минути. Мостот претставува и физичка врска со Хонгконг, финансиски центар на Азија над кој Кина од Британија презеде контрола во 1997 година.