Десонанз Фестивалот за електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми во 2018-та година го прославува своето јубилејно, десетто издание. Инициран и организиран во 2009 година од Гете-институт-Скопје, Десонанц станува синомим за презентирање на најновите музички достигнувања во електронската музика, cutting edge мултимедијални настани, визуелни уметности, нови медиуми. Идејата фестивалот да придонесе за развој и презентација на артисти од локалната сцена и поврзување со светски етаблирани артисти (пред се од германско потекло) e повеќе од значајна со оглед на тоа дека Десонанз е веќе почитуван фестивал на европско ниво.

Целта за оформување на повеќе локални мултимедијални колективи и платформи кои се под директно влијание на самиот фестивал е остварена и реализирана со оформување на мултимедијалниот колектив Биткреш (BTKRSH). Фестивалот во изминатите години нуди и образовен карактер преку музички работилници: Ableton, Field Recordings, употреба на домашни уреди за креирање на музика, како и видео-работилници: Quartz Composer, Resolume, 3D Video Mapping.

Десетто издание е во организација и партнерство со Гете-институт Скопје и ,,3.14 Броколи,, и е сублимат на сите претходни години во однос на фокусот и презентирање на современата електронска музика и уметност.

Предвидена е работилница за Pure Data софтвер, презентација на првиот custom made грамафон направен во Македонија, мултимедијални видео инсталации – ,,10 години Десонанц Фестивал,, и ,,Полимат,, (видео-омаж посветен на делото и работата на Johan Wolfgang von Goethe), како и настапи на реномирани музички артисти.

Фестивалот ќе се оддржи од 31.10. до 03.11. на повеќе локации во Скопј