„Сталио и Олио „ или познати и како  „Дебелиот и слабиот“, со филмови од сферата на комедијата. Во ова време подзаборавени,но еве продуценти кои ги оживуваат нивните ликови во еден нов биографски филм. Приказната на двајцата брилијантни комичари ќе направи преку филмот  да се потсетата постарите генерации на ендо минато време а  помладите гледачи да го откријат богатството на слеп-стик комедијата на Станлио и Олио, од кои можат да учат и современите комичари.

Филмот покрива еден тежок период за дуото, нивната турнеја низ Британија во 1953 која ја следеле куп неволји – обајцата имале големи здравствени проблеми, а Британија се уште не била опоравена од Втората светска војна. Но нивното пријателство било цврсто, а професионалноста на ниво, каква што била уште од нивните актерски почетоци.

Имено, пред да станат тим во 1920-тите, Лорел и Харди поединечно веќе имале успешни филмски кариери. Лорел (слабиот) настапувал низ Англија и Шкотска со музички скечеви и пантомима. Харди пак родум од Џорџија каде неговото семејство поседувало плантажа со памук. Не бил заинтересиран за формално образование, но од рана возраст покажувал талент за музика и театар. Роденото име му било Норвел Харди, но го додал она „Оливер“ во спомен на татка си.

Лорел и Харди станале тим во 1927 кога се појавиле заедно во немиот краток филм „Облекувајќи му пантолани на Филип“. Во текот на долгата кариера заедно работеле на 107 филмови, кои вклучуваат 32 кратки неми филмови, 40 звучни кратки филмови и 23 долгометражни.Во 1932 нивниот „Музичка кутија“ доби Оскар за најдобра кратка комедија. Иако смешна, ова е сторија за модерниот Сизиф – всушност за двајца Сизифи – кои се обидуваат да поместат тешко пијано од дното на висок рид до неговиот врв. Секој пат кога пијаното се слизнува и парот почнува пак да ги искачува 147-те скалила не знаете дали да плачете или да фаќате сеир.

Голем дел од нивниот хумор, дури и во ерата на звучниот филм, бил чисто физички – разликите во нивниот изглед дополнително потенциран со облеката и однесувањето.