Вечерва, во рамки на циклусот концерти во скопскиот Планетариум , ќе настапи новоформираната група Звук Караџиќ.

Звук Караџиќ е здружение на музичко-книжевни импровизатори, безгрешно зачнато една убава септемвриска вечер на скопското Кале. Во здружението можат да учествуваат сите кои си ги заборавиле партитурите на пулт, или тетратките со стихови во фиока; сите кои мислат дека имаат што да кажат во мигот на случувањето и сите кои сакаат да се препуштат на моменталната фантазија и да одлетаат далеку, далеку и најблиску до себеси.

На концертот вечерва ќе настапат Костадин Делиниколов, Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш со инструментариум кој вклучува електрично пијано, гитара, бас, музичка кутија, калимба, slide whistle, блок флејта, перкусии… и аквариум.

За планетариумската проекција ќе се погрижи Даниел Анастасов. Настанот е во организација на Задруга 5060 и со почеток во 21 часот.