Оризот го подготвуваме на неколку начини и често во нашата кујна. Варен, потпечен најчесто со прилог пилешко. Нo, ако некогаш имате можност да јадете ориз подготвен на виетнамски начин, верувам дека никогаш нема да посакате да јадете направен на друг начин.

За да го направите ви се потребни :

Состојки:
• Маслиново масло, три супени лажици
• праз,100 гр
• Лук, 3 поголеми чешњиња
• Пилешко бело месо ,без кожа и коски, 250 гр
• Ориз,25 гр. или една голема шоља

• Морков ,80 гр.

• Грашок, 80 гр.

• Пченка блага -80 гр

• Сол,две равни лажички за кафе

• соја сос, две кафени лажички

 

Подготовка :
Пилешкото да се исече на коцки, да се посоли со пола од солта и да се свари.
Морковот да се исече на коцки и заедно со грашокот да се свари и пченката и да се посоли со дргиот дел од солта

Начин на подготовка на оризот:

Да се стави оризот во тенџере и да се мие толку долго водата да биде прозирна. Да има вода еден прст над оризот и да се додаде една лажичка сол. Потоа  се става на шпорет на најјако .Кога ќе проврие треба да се намали температурата да се измеша и поклопи. Да се меша повремено и смалува температурата, се додека водата скроз не испари. Кога ќе испари водата исклучи те го шпоретот поријте го оризот и нека отстои 10-15 минути без мешање.

Следно

Измешај ги пилешкото, соја сосот и подинстај ги 5 минути.

Потоа стави го и оризот и зеленчукот и се добро да се измеша.

Јадењето е готово за 4 лица!

Пријатен ручек  од www.kulturno.mk