Панорама на Копенхаген

 

Репортажа на www.kulturno.mk , пишува Т.Гогоска

Ако сакате за миг да се почуствувате отмено, посетете го Копенхаген

Географија и историја

Копенхаген (дански København) е главниот и најголем град на Данска. Се наоѓа на источниот брег на островот Зеланд и мал дел на островот Амагер. Населението на градот е над милион жители. Копенхаген е политички, стопански и културен центар на Данска. Последните децении, со зацврстување на соработката со Шведска, Копенхаген, заедно со шведскиот град Малме, стана средиште на поголемото подрачје на Ересунд со околу 3,8 милиони жители. Ова е една од најразвиените области во Европска Унија.

Копенхаген се развил како морско пристаниште на протокот Ересунд помеѓу Северно Море и Балтичко Море. Морето и денес е главен виновник за развој на градот.

Подрачјето на градот било населено уште во времето на праисторијата. Денешната населба околу илјадита година е основана од Свен Рашљобрали. После 1167 година на место на  дотогашните рибарски и пристанишки населби  е изграден замок, на просторот на денешниот дворец Кристијанборг, Копенхаген добива изглед на  градска населба. Набрзо после тоа, станал важно пристаниште, што го сочувало и неговото име. Затоа во 1167 година се смета за година на основање на Копенхаген. Со повелбата од Јакоб Ерландсен во 1245 година, Копенхаген и официјално станува град а престолнина на Данска  е од 15 век, наместо дотогашната престолнина Роскилде.

Живот

Копенхаген веќе со години е еден од градовите со најквалитетен живот. Истовремено тој е еден од најскапите Кралскиот дом

 

 

 

По што е познат Копенхаген?

Копенхаген е познат по заливот на Викинзите а познат е по уличките кои го дишат времето кога биле нивно почивалиште. Импозантни се двете негови пристаништа (старото и новото ), сместени на двете страни од заливот. Величествена е неговата кружна кула со Црквата Света Троица во неговиот центар. Копенхаген е познат по рестораните со вкусна храна, познат е по широките улици и бескрајните шеталишта и познатата градска главна пешачка улица во Строгет. Познат е по дождот што го има во изобилство во текот на годината, велосипедите, по љубезните и едноставни жители а и по отменоста на неговата архитектура и живот.

Копенхаген го откривав парцијално, но кога би можела да го вратам времето и одново да го запознавам ќе го започнев од Тиволи, забавиот парк кој за почеток ви дава можност убаво да се забавувате, иако треба да се пофали организираноста на градот кој нуди низа можности, лесно достапни заради организираниот комунален, архитектонски и сообраќаен ред .

Тиволи

Забавниот парк “Тиволи“ , бидете сигурни дека ќе ви понуди мноштво забава, уживање во разните објекти, дегустација на вкусните дански крофни или дневна party со данска музика. Одделете два часа за овој парк  и едноставно забавувајте се.

 

Музеј на восочни фигури

Следно во обиколката е Музејот на восочни фигури. Сместен во центарлниот плоштад од левата страна во близина на Тиволи, ќе можете да се изгубите од сегашноста. Ова е втор по големина, после познатиот во Лондон. Во него има фигури на најпознатите личности. Прошетката низ него е прошетка низ столетијата, меридијаните и средба со величествените. Меѓу нив неизбежната средба со единствениот Ханс Кристијан Андерсен. Во Копенхаген па и во цела Данска, Андерсен е насекаде. Неговите бајки ги има и во воздухот над оваа земја .

 

Ханс Кристијан Андерсен (данскиHans Christian Andersen2 април 1805 – 4 август 1875) е дански книжевник и еден од најголемите писатели на бајки. Ги проширувал, развил народни мотиви во  нив, но и создавал вистинити дела.

 

         

            

Неговите приказни се читливи, разбирливи и лесно ги занесуваат како децата така и возрасните. Тој комуницира со децата и создава толку впечатливи          дела, што пишувајќи самиот тој размислува како      дете. Такви се „Царевото ново руво“, „Оловниот    војник“,  „Малата сирена„ и многу други.                               

                     

Кралскиот град-Копенхаген

Кралската Палата

Отменоста на Копенхаген се допира преку  неговите објекти и делови кои го имаат предзнакот Кралски. Кралскиот град, Кралската Академија на уметностите, Кралскиот дворец, Кралската стража, Кралската палата – Амалиенборг, Парламентот на Данска во палатата Кристијансборг, Кралската библиотека… Чудесно, отмено и кралско.

 

Промена на Кралската стража

 

Немојте да бидете нестрпливи. Застанете на плоштадот пред Кралскиот дворец и почекајте да ја видите промената на Кралската стража. Нема да зажалите. Оваа стража  својата смена на еден час, церемонијално ја одржува со децении.

 

 

Чудото од пат во морето меѓу Копенхаген и Малме 

Од пред  20-тина години Шведска и Данска како држави, сообраќајно се поврзаа на три начини откако одлучија да ги спојат своите економски, географски и туристички ресурси по што станаа најразвиенот дел на Европа. Ако паметам дека во претходната посета на Шведска и градот Малме до Копенхаген се стигнуваше со брзиот чамец „Спидо“ или со бавното возење по морето со голем брод, овој пат преку Чудото од пат во морето, за 20-тина минути со воз под морето, сместен меѓу автопатот горе и морето долу стигнав до Малме. Ако го гледате одозгора не знаете каде се слева патот, некаде на средината на морето меѓу овие два града. Чудно и величествено.

Мостот меѓу Копенхаген и Малме

Некако споро се заборава отменоста на Копенхаген. Таа е сместена и присутна насекаде. Треба да дојдете и да ја почуствувате !