КИЦ ,Скопје
Културно-Информативен Центар – Скопје следната недела ќе организира промоции на две дела за љубителите на литературата.
 На 31 октомври,во среда во Салон 19,19 ќе биде промовирана книгата -новела
„Марика и стравот“ од Емилија Славковска,во издание на Македоника литера,
Книгата ќе ја промовираат Наталија Славковска, стихови ќе читаат Долорес Поповиќ и Виктор Бужаров во музичка придружба на  Дарко Медарски.
Веќе следниот ден на 1 ноември ќе може да се проследи промоцијата на книгата „Срмените воздишки на љубовта„ од Драгица Пандиловска.
Книгата ќе ја промовираат, проф.др.Александар Прокопиев,Живко Поповски, хуманист и авторот, модератор, Благојка Филипчева. Стихови од книгата ќе чита артистката Христина Стефановска.