По повод 27 Октомври, Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, Кинотеката на Македонија на 30 октомври, во вторник, ќе ги промовира својата нова веб-страница и најновиот број на списанието „Кинопис“, а ќе биде отворена и изложбата „Мис Стон: Помеѓу Елен и Автономија“ по повод 60 годишнината од премиерата на филмот „Мис Стон“ на Жика Митовиќ.

„Твојата приказна во движење“ е годинашното мото под кое, по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство низ целиот свет се организираат изложби, проекции, предавања и слични настани. Одбележувањето на Денот го почна УНЕСКО, а потоа го прифатија и презедоа меѓународните тела што обединуваат организации и асоцијации на филмски архиви, музеи и институции што се занимаваат со заштита и чување на аудиовизуленото наследство, предводени од Координативниот совет на здруженијата на аудиовизуелни архиви.