Колку заработува Чолиќ? Каде живее Чола? Дали е сеуште со неговата жена?.. Прашања и само прашања, на кои читателите и неговите обожаватели особено оние од понежниот пол, секогаш барааат одговор.

И после 50 години на естрадата Здравко Чолиќ е пеач кој концертите ги продава без проблем. Така се случи и со најавените два концерти на 10-ти и 17-ти ноември во Салата “Борис Трајковски” во Скопје. Картите за час продадени. Повторно ќе се пеат хитовите “Живиш у облацима драга “, “Априлу Београду”, “Пјевам дању пјевам ноќу”….

 

Неколку интересни информации за Чолиќ, пеач и композитор, кој веќе над 20 години живее во Белград каде од родното Сараево се пресели во време на распадот на Југославија. Роден на 30 мај 1951 година во Сараево во хороскопски знак Близнак. Со сопругата Александра се долго во брак од кој имаат две ќерки, веќе тинејџерки.

Првот јавен настап го имал случајно далечната 1967- ма година во родното Сараево на натпревар на пеачи аматери. После се редат настапи и први награди Бил член на неколку групи  меѓу кои ,Амбасадори, Нови амбасадори.. а официјално својата соло кариера ја почнал 1972 година. Има снимено 15 студиски албуми од 1975-2017 година. Хитмејкер и секогаш поуларен, тоа е Здравко Чолиќ кој деновиве се огласи во нашата јавност за почитта и неговиот однос кон Македонија и Македонскиот народ.

Многумина со нетрпение ги чекаат неговите ноемвриски концерти а дотогаш “Синоћ ниси била ту” , првата негова соло песна  од 1972 година.