Ако сте љубител на луксузот и сакате за миг да се чувствувате КРАЛСКИ 
Глобалниот лидер во поврзувањето на патниците со најголем избор на неверојатни сместувачки објекти, Booking.com на своите страници пребара повеќе од 1,6 милиони сместувачки објекти во повеќе од 128.000 места ширум светот, за да претстави седум величенствени замоци во кои сместување можат да си овозможат и оние кои не се дел од кралски семејства.
Castello Di Pavone – Павоне Канавезе, Италија. Ако барате древен замок кој е претворен во шармантен хотел тогаш Castello Di Pavone е вистинско место за вас. Обиколен со тропска градина, сите соби во замокот се комбинација на традиционален мебел со модерни елементи што дава навистина единствено опкружување проткаено со историја. Во замокот има низа мали и големи трпезарии, а секоја од нив има единствени елементи, како огромни лустери или греди на таваните кои ќе ве вратат назад низ времето.
Parador de Cardona – Кардона. Шпанија Волшебната внатрешност на замокот Parador de Cardona од 9 век личи како од сказните. Со панорамски поглед на околината на Каталонија, интериер кој верно ја отсликува историјата на Кардона, надсводени таваници, камени ѕидови и раскошни дворови, ќе бидете третирани како вистински крал и кралица. Гостите можат да уживаат во вкусни и автентични каталонски специјалитети пред да се повлечат во шарматна спална соба со кревети со балдахини и прекрасен мебел истакнат со специјално осветлување и со богати ткаенини.
The Castle Hotel, a Luxury Collection Hotel, – Далиан,Кина. Поради препознатливиот баварски стил на хотелот The Castle ќе помислите дека сте на ридовите на германската Црна шума. Но всушност сте само неколку чекори од плоштадот Хингхај, најголемиот градски плоштад на светот. Овој хотел нуди врвно сместување и кралски третман каков заслужува секој гостин. Обиколен со бујна шума, овој луксузен хотел содржи елегентно уредени соби и кралски третман во спа центарот и затворениот базен. Ballynahinch Castle Hotel – Балинахинч, Ирска. Сместувањето во прекрасните шуми на округот Галвеј со поглед кон прекрасната планина 12 Бенс, овој луксузен хотел има импресивен рибник на лососи на голем приватен имот. Љубителите на природата можат да уживаат во најразлични активности на отворено какви што се јавање на пони и одмор покрај езеро или река каде можете да се дивите на локалната дивина.
Roch Castle – Рош, Обединето кралство. Овој импресивен замок со поглед на заливот Св. Бриџ ќе ги поведе гостите во мистично време. Од 12 век замокот Рош поносно стои на карпи високо над прекрасниот Пембрукшир. Гостите можат да уживаат во единствено чувство на историја комбинирано со романтично бегање од реалноста, а секоја соба е луксузно уредена со прекрасен поглед на британската обала и околината.
Fairmont Le Chateau Frontenac – Квебек сити, Канада. Сместувањето во Old Quebecu, со поглед на реката Св.Лоренс и стариот утврден град на гостите им нуди многу релаксација во соби со европски стил како и во СПА центарот во кој може да се врати силата по возбудливиот ден поминат во истражување на горниот и долниот градски кварт на Квебек. RAAS Devigarh –Делвара, Индија. Ако сакате да доживеете нешто различно кога ќе патувате за Индија, одморете се во RAAS Devigarh. Палатата од 18 век сместена е во селото Делвара и нуди прекрасен и смирувачки поглед на планината Аравал. Гостите можат да поминат мирно попладне во библиотека или да се одморат во својот простран апартман со впечатлив мебел и резбарени ликови.
Ако имате среќа да дојдете во некој од овие замоци ќе добиете загарантиран одмор и прекрасно КРАЛСКО ЧУВСТВО.