Платформата „Аутизам.Мк“ во соработка со Детскиот културен центар (ДКЦ) организира роденденска забава на која децата со нетипичен развој ќе бидат главни гости. Забавата ќе се одржи во 12 часот во ДКЦ, во Младинскиот културен центар (МКЦ), а поканети се сите деца со посебни потреби, нивните родители/старатели, како и останатите граѓани кои сакаат искуство повеќе.

Забавата предвидува јога и зумба за децата со нетипичен развој, работилници за арт терапија, терапија со звуци, вежби за градење тимови и други активности, а  ќе биде искористена како најава за новиот проект „Инклузија Плус” за адаптација, приспособување и унапредување на културните, угостителските и другите објекти од јавен карактер за прифаќање лица со нетипичен развој и нивна вистинска инклузија во секојдневниот културно-забавен живот. На настанот, родителите ќе можат да се советуваат со психолог кој работи со семејства со деца со нетипичен развој.