Повеќе од 600 мажоретки од Молдавија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Македонија учествуваат на Европскиот куп за мажоретки, што викендов првпат се одржува во Охрид.

Манифестацијата има хуманитарен карактер, организаторот на купот – групата „Алпе-Дунав-Адриа“ реши средствата од влезниците за сите настапи на учесниците што се одржуваат во Спортската сала „Билјанини извори“ да бидат донирани на семејството Настески за лекување на малата Сара.