Пишува Марија Милеска, студент по новинарство

Во четвртокот во Волонтерескиот центар во Скопје, беше одржана еднодневна работилница  на тема „Основи на новинарското пишување“, за млади новинари, под менторство на М-р Татјана Гогоска, дипломиран новинар, магистер по комуникации и автор.

Во самата работилница беа вклучени околу 12-тина учесници, на  кои  почетокот им беше отстапен за воведено запознавање на групата, а потоа во првиот дел се запознаваа со основите на новинарското пишување, основните правила за пишување на новинарски текст, елементи и форми.

Во оваа работилница исто така, имаа можност да се запознаат со тоа што всушност значи новинарството, поточно видовите новинарски жанрови: вест-вест во низа, информација, статија, осврт, интервју, колумна и запис-репотажа. На крај имаа можност да направат еден краток есеј, со кој им се овозможи на учесниците интерактивно да бидат вклучени во самата работилница и полесно да научат некои посочени основни елементи на новинарскотот пишување.

Работилницата им овозможи на младите новинари да научат некои елементи, кои понатаму ќе им олеснат во развивање на своите способности околу пишувањето и изразувањето. Поголем простор беше одделен и за новинарството како професија т.е. како етички и професионално да се занимаваат со професијата новинарство, да имаат слобода да ја почитуваат вистината,  да не напаѓаат никого без потреба и без навистина да имаат докази.

Работилницата беше организирана за сите студенти, средношколци, кои сакаат да ги збогатат своите вештини во пишувањето  а кои се на почетокот на новинарската кариера.

Оваа работилница беше убаво искуство за сите учесници кои присуствуваа на овој настан. Соработката беше остварена и е поттик за понатамошна работа на сите.

Благодарност на Волонтерскиот центар Скопје, и менторот што ни ја овозможија оваа убава и корисна работилница.