Интернационалниот фолк-фестивал  „ФИЛИГРАНИ“ , кој блесна уште од  самиот старт во 1994 годинаи  константно го одржа високиот рејтинг со промовирањето на новиот музички жанрчалгиско-свадбарскипесни кои се огласија со прекрасната ороводна мелоримика бргу им прираснаа на срце на големиот број  љубители на убавите  македонски песни испеани од најпознати естрадни звезди.

Така,Филиграните се зацврстија на самиот врв од македонскта естрадна фолк- хиерархија, па на 31 Октомври ќе го доживее и 25-то јубилејно издание во салата на Домот на АРМ што ќе претставува голем празник со што ќе го изрази  достоинството  на врвна фолк-манифестација од чија продукција произлегоа многу фолк-хитови, меѓу нив и мега-хитови со неодмилива убавинашто ќе ја доловат  триесетина елитни естрадни имиња во ретроспективата на дел од најголемите успеси – филигранските бисери.Творци на ФИЛИГРАНИТЕ, порано ТЕТОВСКИТЕ ФИЛИГРАНИ,се Костадин Костадиновски, Катерина Стојановска-Десковска кои во 1994 година појдоа во Тетово со највозвишени патриотски чувства да направат врвна фолк-манифестација и во овој дел на Македонија преку песната  да се одгласува македонскиот збор. Стартот беше извонредно успешен,резултатите евидентни, така што филигранските песни беа доминантни во изминативе две и пол децении па организаторите со пиетет го најавуваат големиот јубилеј-25 години на ФИЛИГРАНИТЕ-2018  кој наљубителите на неговите песни ќе им приреди бесплатен влез на 31 Октомври во салата на Домот на АРМ со почеток во 20часот да ги прослеадат најновите фолк -рефрени, а потоа и филигранските бисери.. наградата за животно дело ќе и биде доделена на   Виолета Томовска.

Филиграните ќе започнат со најслушаната песна меѓу два фестивала „Твојата хармоника“ во изведба на Јадранка и маестро Ристе Тушевски.
На јубилејното издание ќе бидат доделени две GRAN – PRI награди во спомен на Гоце Аранаудов и Војо Стојаноски,  I,II,III награда од публика и жири како и награда за најдобар аранжман во спомен на Јанко Узунов како и награда за најдобар дебитант, најсвадбарска песна, интерпретатор,текст и сценски настап.

Покрај ТВ Сонце медиумски покровител традиоционално е и најтиражниот весник Вечер кој деновиве слави јубилеј 55години постоење. Организациски директор е Зоран Десковски,а водителка по 25-ти пат ќе биде Катерина Стојановска Десковска тв водител и новинар од МРТВ, која со водењето на Филиграни 2018 ја заокружува бројката од 55 фестивалски водења. Претседател на совет е Бранко Николовски а за односи со јавност задолжен е Андреј Десковски.

Филигранско Ѕвездено шоу, го сочинуваат 15 песни, со плус видео проекција на делови од првите настапи на Филиграни со  Војо Стојаноски, Гоце Арнаудов и Зоран Дамјанов.

31 октомври од 20 часот во Домот на АРМ.