Десет македонски студенти ја имаат можноста во оваа учебна година да студираат со стипендија од француската влада на различни универзитети и на француските специјализирани, елитни високи школи. Се работи за студии на ниво Мастер во различни области и специјализации од општествени, природни и технички науки.
Стипендијата е целосна и ги покрива трошоците за школарина, студентско здравствено осигурување, секојдневни животни трошоци. Стипендистите добиваат и дополнителни средства за купување книги, компјутери и друг неопходен материјал за нивното студирање, како и предност при сместување во студентски дом. Освен тоа, самиот статус на стипендист на француска влада им овозможува да имаат и други
бенефиции. Одделот за високо образование Кампус Франс при Францускиот
институт во Скопје, традиционално секоја година организира Саем на
студии во Франција.Годинава, Саемот за студии во Франција ќе се одржи в
четврток, 1-ви ноември 2018, од 12:00 до 17:00 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје. На настанот ќе земат учество претставници од француски универзитети и алумни, кои ќе ги споделат искуствата од нивните студии во Франција.На саемот, посетителите ќе можат да добијат конкретни информации за студирање во Франција, за студентскиот живот,
процедурите за упис и за можностите за добивање стипендија. Инаку, француската Влада, преку Амбасадата на Франција, секоја година доделува одреден број стипендии за македонските студенти за постдипломски студии во Франција.