За да најгoлемата предновогодишна фешта биде што е можно поголема, пред настапот на хедлајнерот на фестивалот All You Need Is Love, GIBONNI, со свој целовечерен настап ќе гостува и најголемиот балкански гитарист на сите времиња, Влатко Стефановски заедно со своето трио. Влатко ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со Gibonni.Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда на 31-ви октомври, онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и во Југотон, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 700 денари  ФАН ПИТ- 1000 денари SILVER SEATS- 1000 денари

GOLDEN SEATS- 1200 денари  ВИП- 2000 денари.

Во текот на наредната недела ќе бидат соопштени и уште две имиња коишто се многу битни кога се во прашање младите сили на македонскиот рокенрол што ќе ја отворат фестивалската вечер, пред да настапат ѕвездите на вечерта, Влатко Стефановски и Gibonni на овој предновогодишен настан.