Денеска и утре во киното Мис Стон ќе се одржи Ревија на италијански филмови, во организација на Гимназијата „Мирче Ацев“ , Амбасадата на Република Италија и Здружението на професори по италијански јазик на Македонија.

Ревијата започнува вечерва  во 19.00 часот со филмот „Идеалниот град“ 2018.

La citta’ ideale   (Идеалниот Град)

Regia: Luigi Lo Cascio (2012) 2h (thriller)

Мишел Грасадонија е чувствителен и интегрален екологи архитект од Палермо. Тој ја напушта  Сицилија и заминува  за Тоскана, каде сака да  живее во она што тој  го смета за идеален град ,Сиена. Тој живее само во стан , каде што експериментира со алтернативни енергии.Една дождлива  вечер тој се удира во еден паркиран автомобил. Неколку метри подолу се појавува  на асфалтот  телото на еден човек. Тој повикува полиција и е испрашуван во врска со инцидентот. Уништениот автомобил  и некои несреќни околности, ги убедуваат агентите во вината на Грасдедонија така  спасувачот станува обвинет.Тоа е почеток на една парадоксална авантура и мачна потрага по вистината.

Покрај овој на програматана настанот под име ПРОЗОРЕЦ КОН ИТАЛИЈАНСКИОТ ФИЛМ ( FINESTRA SUL CINEMA ITALIANO) се и следните филмови :

  1. La citta’ ideale   (Идеалниот Град)

Regia: Luigi Lo Cascio (2012) 2h (thriller)

2. L’industriale  (Индустриалец)

Regia: Giuliano Montaldo (2011)   1h  30 min (thriller)

  1. Sei mai stata sulla Luna? ( Дали некогаш си била на Месечина?)

Regia :Paolo Genovese (2015) 1h 30 min. (commedia)