„ШАРПЛАНИНСКА КОСТЕНИЈАДА“- Саем на костенот, медот, виното, традиционална трпеза  и локални производи, ќе се одржи на 11 Ноември – Недела во 13 часот со разни активности во село Беловиште-Тетовско.

На Саемот има можност за поставување на Штандови од разни земјоделски, планинарски и туристички друштва кои ќе имаат интерес да се присутни на овој Саем со назнака дека просторот за излагање е бесплатен и воедно убава можност за презентација. Ова , велат од Организациониот одбор е можност за сериозна промоција и вмрежување на секторите.

За време на Шарпланинската костенијада ќе бидат организирани тури и активности од раните утрински часови како: планинарење, велосипедска и мотокрос тура, рекреативни прошетки и разни промоции.
Со сето ова организаторите сметаат дека ќе дадат придонес за развој на туризмот и чест на предците. Во чест и одбележување на Ослободување на Скопје и поставување на планинскиот врв Љуботен во грбот на град Скопје, ќе се одржи планинарска тура под мотото: „ТРАСИРАМЕ ТУРИСТИЧКО ПОВРЗУВАЊЕ ОД СКОПЈЕ ДО ШАРА “.

За оние што ќе решат да бидат дел од оваа манифестација, што се ќе можат да видат и почуствуваат:

➤ Органски мед, пред се од костен.
➤ Традиционална храна
➤ Застапеност на старите занаети како и излагашите со старини, ракотворби и Најмалиот Етно Музеј во Светот.
➤ Саемски штандови од бизнис секторот.
➤ Саемски штандови од НВО секторот.

На саемот ќе може да се дегустираат многу производи изготвени од членови и партнерски организации и учесниците .

Ќе може да се купи:

➤ Најубавиот Шарпланински костен.
➤ Органски костенов мед, ливадски итн, како и медни производи, прополис, млеч и др.
➤ Познатиот Тетовски грав, јаболка Тетовка, ореви и ред домашно одгледувани органски производи по саемска цена изложена од самите одгледувачи
➤ Селектиран костенов расад (додека на учесниците ќе им биде поделено со цел за потикнување, обновување на костеновите шуми).

Манифестација која е за поздравување. Со поголема масовност на посетителите и производителите ќе се даде една убава подршка на традицијата од овој крај