Здружението за лица со посебни потреби „Заедно Можеме“ од Гостивар отвори канцеларија во која ќе им даваат поддршка, консултации и совети, на лицата со посебни потреби од поширокиот гостиварски регион. Канцеларијата, засега ќе функционира како информативен центар. Канцеларијата ќе им биде на услуга на граѓаните на општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуша и ќе функционира како информативен центар за деца и лица со посебни потреби. Предвидено е да се помага при обезбедување на правата и услуги за децата и лицата со посебни потреби. Во иднина ќе се одржуваат состаноци, консултации за реализација на проекти за заштита од дискриминација, како и за сите други намени кои ќе се јават како потреба. Прв нареден проект кој е во план е отварање на Центар за децата со церебрална парализа.