Вкупно 19 невработени лица го започнаа својот ангажман како дел од програмата за општинско-корисна работа која како дел од проектот „Хуманоста на дело“ во Македонска Каменица ќе се спроведува во наредните неколку месеци. Во Програмата „Општинско-корисна работа“ се ангажирани 19 лица кои според потребите на општината се ангажирани во неколку образовни процеси во училиштата, во детската градинка „Бамби” и Центарот за лица со посебни потреби. Oсвен ангажманот во споменатите установи дел од ангажираните ќе вршат нега на болни и изнемоштени лица. За лицата кои со својот ангажман се вклучени во спроведување на програмата во наредниот период е обезбеден паричен надомест од девет илјади денари кои им следуваат за 20 работни часови во текот на неделата. За времетраење на работниот ангажман на ангажираните лица-корисници на социјална помош ќе им биде активно правото на користење на истата.