Нови, досега необјавени песни од Тоше Проески содржи албумот „Secret Place“ кој ќе биде промоворан на големиот концерт во негова чест в петок во ВИП Арена „Борис Трајковски“. Тоше е  автор на дел од песните, а неколку ги создал заедно со  англискиот композитор и продуцент Енди Рајт, во чие студио е работен албумот и кој ќе престојува во Скопје.

На концертот премиерно ќе бидат прикажани два нови видеозаписа со Тоше. Спотот за песната „We are blood“, ја пее внукот на Тоше, Кристијан Ристески и е дел од новиот албум. Песната веќе се емитува на радиостаниците. На концертот на 2 ноември ќе настапат македонски и музичари од регионот, меѓу кои:  Борис Новковиќ, Владо Калембер, Каролина Гочева, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак, Антонија Гиговска, Александар Тарабунов.., а неговиот внук Кристијан ќе ја изведе  „We are blood“. Организатор на концертот е Фондацијата „Тоше Проески“. Средствата се наменети за Домот без родители „11 Октомври“ во Скопје. Почетокот на концертот е во 20 часот. Влезниците се по цена од 250 и 350 денари и може да се купат во Југотон, Розе Веро 2 и Носталгија рекордс.