„Skopje design week„ оваа година ќе се одржи од 21-25 ноември во Јавна соба а земја во фокусот, како што е најавено ќе биде Германија со одлична содржина преку изложба на 12 врвни дизајн студија, отворени презентации на дизајнерите, посета на производни компании и соработка со производни компании од Македонија кои сакаат да настапат на германскиот пазар.

Младите дизајнери ќе можат да учествуваат на работилница за дизајн на производ за млади дизајнери. под менторство на Инеке Ханс, продукт дизајнер и професор на академијата за дизајн од Берлин.

Во ЕКСПО секцијата, младите дизајнери од Македонија и регионот традиционално изложуваат сопствени производи и се во потрага по производители со кои ќе реалзираат соработка за нивните иновативни решенија да влезат во сериско производство.

Составен дел на викенд програмата се детските работилници а и оваа година храната ќе е составен многу интересен дел, оваа година со нова разллична димензија. Марк Де Јонг, во рамките на гастрономскиот корнер ќе води тридневно гастрономско шоу, каде ќе гостуваат познати личности од културно урбаната сцена. Секој нивен заеднички перформанс ќе резултира со дегустација на подготвените јадења.

На крајот од денот богата музичката програма, со многу забава и интересни настапи. Работното време е најавено од 9 до 01 часот на сите три Саемски денови на Skopje Design week!