Подготовка:

– Одмерете ја млаката вода, растворете во неа квасецот.
– Во брашното додадете ги солта и шеќерот, измешајте. Замесете со водата во која е растворен квасецот, но не ја ставајте одеднаш целата (зависно од типот на брашното некој пат таа количина на вода многу ќе дојде, доволно е да ставите 600 мл. а потоа оценете дали брашното ќе дозволи уште да се дотура.

– Оставете да стаса (внимавајте да не ви избега по работната маса )

– Кога ќе стаса – размесете го и оставете повторно да стаса, пак размесете и по трети пат нека стаса.

– Кога веќе и по третиот пат стаса.. готово е за размесување.

На работната површина посипете повеке брашно и директно земајте од тестото кое
е стасано без да го во неа размесете.

Земате количина на тесто колку што сметате да ви биде голем лебот. Формирајте или векна или округло лепче, увалкајте го во брашното и преместете го на чаршавче да стои… така направете и со останатиот дел од тестото.

– Додека да стаса сега формираниот леб, вклучете ја рерната на 200 степени,
ставете ја во неа тавата, во која ќе се истиот пече нека се загрева. Кога е стасан
лебот извадете ја добро загреаната тава, со помош на даската за сечкање префрлете
го лепчето во тавата така што горниот дел од лепчето да дојде одоздола- ставете
да се пече.

– Лепчето се пече 45 минути.

– Печен е кога ќе го подигнете и е лесен како перце или ако тропнете на долниот дел од лепчето да ви удара на празно… извадете го и ставете на чаршафчето, покријте го и барем малку да олади – можете да кршете – не можете да го сечете така топол… ќе го стуткате.

Од ова тесто може да се прават и пастрамајлии, супер се и тие…. Кога ке печете лепче на овој начин ( на загреана тепсија) знајте дека сте ја добро изимитирале земјената фурна.

Со топло домашно лепче пријатен неделен -викенд ручек!

Извор:https://moirecepti.mk/post/%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%BD%D0%BE-%D0%BB%D0%B5%D0%BF%D1%87%D0%B5