Старата театарска зграда

РЕТРО СПЕКТАР

3.04.1945 –ПРВАТА ПРЕМИЕРА ВО МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР

Текст
ПЛАТОН КРЕЧЕТ
Автор: КОРНЕЈЧУК, Александар

Премиера: 03.04.1945

Режисер:
ЌОСТАРОВ, Димитар

Сценограф:
ВЛАДИМИРСКИ, Тома

Актери:
МИЛЧИН, Илија – Платон
ЏУВАЛЕКОВСКИ, Илија – алтернација
ГОДИНА АЌИМОВИЌ, Милена – Лида
СТОЈАНОВ, Крум – Стјопа
ЦРВЕНКОВ, Благој – алтернација
ВУЧКОВА ЖЕЖЕЉ, Вера – Валја
ПУЦКОВА, Добрила – алтернација
НИКОЛОВСКИ, Тодор – Терентиј
ПРЛИЧКО, Петре – Аркадиј
КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА, Тодорка – Марија
ЌОСТАРОВ, Димитар – Павел
ТОМОВСКА, Марија – Маја
АРСЕНСКА-ВЕЛМОЖАНИН, Драга – Христина
БОШКОВА, Мери – алтернација
ТОДОРОВА, Славица – Бочкјарова
ФИЛИПОВА, Оливера – алтернација
ЧОРЕВСКИ, Трајко – Васја
ТЕШАНОВА, Елена – Олја
ПРЛИЧКОВА, Деса – алтернација
ГАШЕВСКИ, Владимир – Секретарот

Старата театарска зграда

На 03.04.2018 во 1945 со овој редослед и поставка беше одиграна првата претстава во Македонскиот народен театар.

Една година подоцна на истиот датум 3-ти април 1946 година  беше одиграна премиерата на претставата „Кралот на Бетајнова “. Во неа во улогата на  Нина Канторовата внука од братучед се појави тогаш младата глумица а сега доајен на Македонскиот Народен театар Добрила Ивановска – Чабриќ.

-Сеуште ги паметам зборовите на моите колеги на Прес конференцијата која се одржа после премиерата. Маестралната улога на тоа прво премиерско остварување ми ги отвори вратите во следните театарски години се до 1951 година кога заминав  да играм на сцената на Белградскиот театар комедија на Теразије –вели низ широка насмевка сега веќе во деветтата деценија од  животот.

Внатрешноста во стариот Театар

И продолжува – Останав  на таа сцена седум години, а во тој период  играв во претставите „Улични свирачи“, „ Пат околу светот“, во оперетите  „Кавајски цвет“ , „Златна долина“ и многу други,  каде успеав  уште веднаш да ги спојам моите два талента и две љубови театарот и музиката.

Добрила Ивановска Чабриќ-Белград

Kulturno .mk : Како се движеше потоа вашиот професионален  пат?

-После овие театарски години, се препуштив на музиката и со дуетот Нанос 12 години ги освојувавме светските музички сцени. Незаборавни ми се настапите во Русија, Америка, Кипар, Атина  и други метрополи како и овациите од полните Руски сали. Потоа продолжив соло кариера и бев гостин на Грузискиот Ансамбл Дјело, со кои снимивме и Лонг плеј плоча и документарн филм и имавме многу турнеи. 1972 и 1973 се моите најубави години. Незаборавно ми е гостувањето во Париз во прочуениот Распучин Клуб каде што пеев Руски песни и пред  Грчкиот магнат Оназис кого го поздравив со  грчката Зорба, за кој настап добив овации и солзи радсници.

Kulturno.mk : Кога се вративте во Македонија и дали повторно застанавте на матичната сцена на МНТ?

-Во 1980 година се пензионирав и дојдов да живеам во Дојран иако често доажам во Скопје. На сцената на МНТ играв пред пет години и ја играв монодрамата „Мис Маргарида’ во режија на Виолета Џолева. Со таа монодрама учествував на Фестивалот на монодрамата во Битола за што добив и награда.

Kulturno.mk : На што се должи вашата физичка а уште повеќе емоционална позитивна состојба?

-Сонце, љубов, природа а седум години го конзумирам препаратот од руските пчели Темториум, но најмногу ми помагаат мојот темперамент, карактер и емоционална состојба која ја црпам од пред се од себе си и убавото Дојранско езеро.

Дојранско езеро

Kulturno.mk низ разговорот со доајенката на Македонскиот театар Добрила Ивановска Чабриќ потсети на почетоците на сцената на Македонскиот народен театар.